Во ФК Борец се очекуваат нови играчи и нов спонзор

 

Фудбалерите на Борец сеуште се на зимска пауза, која со своите игри ја заслужија, но раководните луѓе одамна се на терен. Од клубот денеска потврдија дека водат сериозни разговори со неколкумина играчи кои треба да ја засилат екипата пред стартот на пролетната полсезона.

Се преговара главно со играчи од Велес кои ги бранат боите на други клубови. Тренерот Кочо Димитровски побарал играчи на позициите каде има недостиг на квалитет.

„Водиме сериозни разговори и веќе имаме неколку имиња кои засега нема јавно да ги кажеме,но прилично сме сигурни дека во зимската пауза ќе донесеме барем четири до пет играчи на позициите кои се најдефицитарни", вели Кире Јачев претседател на клубот.

Од Борец потврдуваат дека има реални шанси набрзо клубот да потпише со најсилен играч. На спонзорската позиција. Македонец од странство е сериозно заинтересиран за финасирање на велешките фудбалери.

Разговорите со него биле во напредна фаза. Набрзо треба да се вклучи и општината, затоа што неговата идеја била да го добие стадионот под концесија на околу 30-тина години.

„Човекот е многу сериозен и ние сме задоволни и благодарни од неговата досегашна поддршка. За намерите говори и фактот дека го бара стадионот под концесија и потоа целосно да се вложи во клубот со што нашата цел за излез во Европа полека ќе стане реалност", вели Јачев

Како позитивен гест, од можниот спонзор, клубот набрзо ќе добие комплетна спортска опрема, десови, копачки,тренерки.

Како дел од добрите фудбалски вести е најавата од ФФМ дека сериозно ја разгледуваат опцијата на крајот на првенството да нема бараж-натпревар туку првопласираните екипи во сите пет региони да обезбедат директен пласман во втората лига.

 

11/01/2013 11:27
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][27]