Афлeк, Спилберг и Бигелoу меѓу номинираните за наградата на DGA

Режисерите Стивен Спилберг, Кетрин Бигелоу, Бен Афлек и Анг Ли пред скората номинација за Оскарите се номинирани за наградата на здружението на режисерите Directors Guild of America (DGA).

Бен Афлек својата прва номинација од DGA ја доби за филмот за заложничката криза во Иран од 1979 година „Argo".

Кетрин Бигелоу е номинирана за филмот за потрагата и ликвидацијата на поранешниот најбаран терорист на планетата и водач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, под наслов „Zero Dark Thirty", додека ветеранот Стивен Спилберг во трката влегува со сторијата за поранешниот американски претседател Абрахам Линколн - „Loncoln". Анг Ли е кандидиран за 3Д адаптацијата на книгата „Животот на Пи", а британскиот режисер Том Хупер за адаптација на мјузиклот „Клетници", според истоименото дело на славниот француски писател Виктор Иго.

„Овие режисери го претставуваат највисокиот стандард во правењето филмови, а нивните филмови се сведоштво за уметничкото достигнување, иновативното раскажување на приказната и страста којашто луѓето од филмот ја споделуваат со гледачите", рече во изјавата претседателот на DGA, Тејлор Хакфорд.

И номинациите на DGA се сметаат како индикатор за номинациите и добитниците на Оскарот, бидејќи повеќе членови на овој филмски еснаф се истовремено и членови на филмската академија којашто е организатор на доделувањето на најзвучната награда во филмскиот свет.

Така, победникот во изборот на членовите на DGA кој ќе биде објавен на 2-ри февруари, има сериозна шанса да го освои Оскарот во истата номинација. Имено, од 1948 година, кога еснафот на режисерите го основа доделувањето на својата награда Оскарот им припаднал на 59 победници од вкупно 65-те оскаровици.

Претходно DGA најави дека ќе му врачи на режисерот Милош Форман, познат по филмовите „Лет над кукавичјото гнездо" (One Flew Over the Cuckoo's Nest), „Амадеус" (Amadeus) и „Народот против Лари Flynt" (The People vs. Larry Flynt), наградата за највисоките дострели во филмската режија.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

10/01/2013 09:24
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][14]