Плаќање сметки за струја со траен налог

ЕВН Македонија почна заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија.

„Плаќањето на сметките за електрична енергија преку траен налог бара минимален ангажман на корисникот, а за возврат значи сигурно редовно подмирување на долговите за електрична енергија. Трајниот налог практично е алатка за сигурно плаќање на сметките за електрична енергија на време секој месец, избегнувајќи ја можноста за камата за задоцнето плаќање, како и автоматско плаќање при што се избегнува чекањето на редови во банките и другите места за наплата", соопштуваат од ЕВН. 

Склучувањето на траен налог е едноставно и брзо, а ви заштедува време. 

„Се што треба да направи корисникот е да отиде во најблиската експозитура на неговата банка и да склучи договор за траен налог. Со цел да се олесни склучувањето на трајниот налог, развиен е и унифициран формулар функционален во повеќето банки", информираат од ЕВН Македонија.

Формуларот може да се преземе и од веб-страната на ЕВН Македонија, како и во сите приемни канцеларии низ Македонија. 

Дополнителни информации може да се добијат во контакт центарот на ЕВН Македонија, на 0890 12345.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

09/01/2013 17:19
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][9]