Најавата на министерот Веле Самак за странски инвеститор во Велес одекна гласно

Грин филд инвестиција вредна 20 милиони евра можно е да влезе во Велес. Ќе се гради фабрика  за производство на делови за автомобилската индустрија. Оваа изјава дадена за медиумите  на министерот за странски инвестиции Веле Самак е тема за разговор меѓу велешани.

„Велес  е индустриски град и има работници стручни кој да работат и верувам дека ќе има повеќе",

„Но во секој случај убаво е да биде во Велес, ајде младите да се запослат"

„Многу инвестиции му требаат на градот кој беше индустриски сите знаеме", велат случајно анкетираните велешани.

Локалната влас прави напори за привлекување на странски инвестиции. Токму затоа Советот на општина Велес започна постапка за промена на ДУП во индустриската зона Речани.

„Се направи пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно односно да се овозможат услови за можните идни инвеститори ",рече Славчо Чадиев, претседател на Советот на општина Велес.

Велес  е интересно место за инвеститор вели Сотир Ампов, кој  пред десет година ја имаше една под позначајните македонско грчка инвестиција во градот.

„Да исчекаме последната најава за отварање на фабрика во областа Речани да компанијата донесе одлука и да  се надеваме дека и велес ќе ја добие заслужената странска инвестиција со најавени 600 вработувања", рече Ампов, претседател на Индустриската комора при ССК.

Покрај одлуката на германскиот инвеститор, велешани ја очекуваат и одлуката на индиската корпорација која пред еден месец најави градна на „Регионален образовен центар", во непосредна близина на езерото Младост. Доколку двете бидат позитивни тогаш 2013 година ке биде пресвртница во економската слика на Велес.

08/01/2013 18:52
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][21]