Бадник –предвесник на Христовото раѓање

Пред Божик зад Божик, кај и да си дома да си, велат старите. Семејството, велат тогаш  е заедно, на купче околу трпезата. Иако е посна, сепак трпезата е преполна со солени и благи јадења. Според обичаите колку повеќе јадења има на масата толку побериќетна ќе биде годината.

Лепчето со паричка е задолжително, а тука се питулици, сарма, грав, компир, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца.

Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Христос.

Денес секое православно семејство во своите домови украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос, а кога ќе дојде големиот празник Божиќ, ќе си честита со зборовите „Христос се роди - навистина се роди".

 

06/01/2013 12:07
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][20]