Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина

Лисица: Нова Година, новни планови , но сега е идеален момент да се направи една анализа колку 2012 година  за тебе беше  успешна?

Шкоротва: 2012-та за мене беше една исполнета, динамична и по многу нешта успешна година.  Неа, секако најмногу ќе ја запаметам по мојот настап на изборот за Мис Модел на светот кој се одржа во Кина. Чувството дека ја претставувате својата земја, дека ја имате безрезервната поддршка од општината, од вашите сограѓани  и голем број македонци е неповторливо. Едноставно, бев горда што многумина се гордееја со мене.

Би ја издвоила и успешната соработка што ја остваривме со Duki&Daso. Годинава позирав за нивните најнови колекции за каталозите: пролет-лето 2012 и зима 2012.

Секако, имав успешни фото сесии и настапи на неколку модни ревии.

Лисица: Кои се твоите следни планови и ангажмани?

Шкортова: На крајот од 2012 година започнав   нов ТВ проект кој ќе стартува на почетокот на следнава година на една од нашите телевизии.

Она што е исто така е веќе сигурно е дека на почетокот од следната година ќе отпатувам во Турција во својство на официјален член на жирито за изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот. Поканата за овој избор ја добив за време на мојот престој во Кина.

Лисица: Твојот настап во Кина беше навистина впечатлив. Какви се твоите впечатоци од изборот и од Кина воопшто?

Шкортова: Кина беше дестинација за која немав претходно размислувано. Ми се случи неочекувано и беше вистинско изненадување. Организаторите на изборот ни овозможија учество на бројни настани, посети на значајни културни знаменитости и места и настапи низ повеќе градови во Кина. Воодушевена сум од тоа што имав можност да видам и запознаам една сосема поинаква култура и различни обичаи од нашите.

На изборот во Кина заминав со едно претходно искуство од светски избор,поподготвена и посигурна во себе.  Сметам дека успешно се претставив и себеси и Македонија. Задоволна сум од впечатокот кој го оставив кај публиката и жирито и од пласманот, иако морам да признаам дека очекувањата ми беа поголеми.

Огромна придобивка за мене е што запознав многу нови пријателки, модели  од 70-тината држави со кои секојдневно се дружевме и разменувавме искуства а со поголем дел од нив често комуницираме и по изборот.

Лисица: Билјана, Лисица ти посакува успех и наредната 2013 година и остварување на твоите планови и желби.

Шкортова: Ви благодарам за целосната поддршка и за желбите. Ви посакувам да останете најчитаниот и напосетуваниот портал и следната 2013 година. На сите граѓани им ја честитам Новата Година и им посакувам среќни Божиќни празници.

01/01/2013 20:14
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][17]