Џејми Оливер повторно прв на Божикната листа

Книгата на Џејми Оливер со наслов „Јадења за 15 минути" е продадена во речиси 118 илјади примероци минатата седмица во Велика Британија. Тоа е двојно повеќе од второпласираната Гинисова книга на рекордите 2013.

„Почестен сум. Ова е најтешката книга што сум ја напишал во 14-годишната кариера и апсолутно во неа го оставив своите срце и душа. Пишувањето на книгата за секојдневните оброци кои истовремено се и здрави и брзи и вкусни, претставуваше вистински предизвик, меѓутоа предизвик во којшто уживав. Среќен Божик и среќно готвење", им порача Оливер на своите обожаватели.

Минатата година тој го освои врвот на Божикната листа со книгата „Јадења за 30 минути", а претходната тоа му појде од рака со готвачот за британски јадења.

„Голем успех е да се биде прв на Божикната листа, а не пак, тоа да се направи три години по ред", вели Том Велдон, главниот уредник на издавачката куќа Penguin", која од продажбата на книгите, односно готвачите на Џејми Оливер заработила 134 милиони фунти.

„Јадења за 15 минути" од нивното објавување во септември 2012 година се продадени во близу 600 илјади примероци. Меѓутоа, на листата за продадени книги во текот на целата година убедливо прва е „Педесет нијанси на сивата„ на Е.Л..Џејмс. 

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

21/12/2012 07:29
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][27]