Десет отсто од светското население во петок очекуваат крај на светот

Како што се забележува во коментарот на британскиот радиодифузер на еден ден пред „крајот на светот", тоа воопшто не е чудно, имајќи предвид дека приказните за крајот на светот на 21-ви декември 2012 година благодарејќи на интернетот, холивудската индустрија и медиумскиот интерес за овие теми, придонесе на најраширеното досега „апокалиптично пророштво" во историјата на човештвото.

Главниот повод за оваа глобална треска е крајот на еден циклус во календарот на древниот централноамерикански народ Маите по 5.200 години, односно ерата на Петто Сонце што некои западни автори на научнофантастични дела го толкуваат како крај на светот.

Археологот Дејвид Стјуард, професора на тексашкиот универзитет и експерт за преведување на хиероглифите на Маите, во интервјуто за американското национално радио изјави дека на 21-ви декември нема да се случи апсолутно ништо невообичаено. „Маите никогаш, баш никогаш, не споменуваат дека ќе дојде крајот на светот во кој и да е период, а особено не дека тоа ќе се случи оваа година", вели Стјурад.

„Крајот на мајанскиот календарски циклус е голема работа, ако сте древен мајански астролог или свештеник. Надвор од тоа, ништо нема да се случи. Кога бројчаникот ќе дојде до крајот на сите предвидени знаци, автомобилот нема да застане. Само повторно ќе почне од нулата, а вие нормално ќе возите и натаму", вели американскиот научник споредувајќи го овај настан од календарот на Маите со вртењето на показателот за измината километража на возилата.

Стјуард не е единствениот експерт кој одмавнува со раката на медиумската хистерија за крајот на светот. Американската агенција за вселенски истражувања NASA на својот интернет ресурс објави дека апокалипсата сигурно нема да се случи. Вакво соопштение испрати и руското министерство за вонредни состојби, а рускито претседател Владимир Путин направи шега давајќи изјава дека „крајот на светот сигурно ќе се случи, но поп 4,5 милијарди година". Австралиската премиерка Џулија Гилард на почетокот од декември, исто тага се пошегува со апокалиптичните предвидувања за овој датум во видео промоција за студентско радио најави дека ќе според пресметките на Маите на 21-ви декември „сигурно ќе дојде крајот на светот, а таа со сограѓаните „ќе се бори до крајот со крвожедните зомби или чудовишта од пеколот", коишто според мислењето на Гилард ќе „го нанесат завршниот удар на нашиот свет заедно со музичката супкултура К-попoт". Претходно минатата седмица и римскиот папа Бенедикт Шеснаесетти ги повика верниците да не наседнуваат на лажните пророштва и да не веруваат во „апокалипсата".

Меѓутоа нагаѓањата за крајот на светот се проширија, според сé судејќи на сите континенти и на сите религии. Американците одамна се подготвуваат правејќи засолништа вооружувајќи се и создавајќи резерви храна. Русите, пак, на свој начин се подготвија - создавајќи големи залихи од вотка.

Во Кина властите уапсија илјадници луѓе коишто го пропагирале крајот на светот на 21-ви декември. Како што објавија кинески локалните медиуми, возбудата околу можниот крај на светот предизвика многу оригинални постапки кај Кинезите.Така, жителка на провинцијата Жеџијанг го заложила својот стан, а добиените пари од банката имала намера да ги раздели на сиромашните за да „уживаат во животот пред крајот на светот". Ситуацијата ја спасил сопругот, кој успеал да ја убеди да го раскине договорот со банката. Во голем број градови во Кина, како на пример, Ксиан и Гуангжу, на денот на „крајот на светот" на 21-ви декември се очекува „свадбен бум", па така локалните власти соопштија дека дневната максимална квота за бројот барања за стапување во брак на овој ден одамна била исполнета.

Мексиканска компанија од почетокот на месецов понуди на пазарот „ специјален пакет производи „за секој случај". Компанијата производител вклучи во асортиманот продукти коишто ќе бидат неопходни кога ќе настапи „крајот на светот", како облека, кибрит, специјален нож за отворање банки и, како што тврди производителот, за борба со зомби, специјална чоколада, тефтер за запишување спомени, камперски оган - доколку е потребно, шише со вода и мало шишенце со ликер од мајчина душица, којшто се произведува на полуостровот Јуактан и се смета дека го пиеле Маите.


Во друга јужноамериканска земја, во Чиле, резултатите од истражувањето на јавното мислење објавени пред две седмици покажаа дека околу една четвртина од луѓето имаат намера на 21-ви декември под каков и да е изговор, да не одат на работа. Притоа, речиси половината од нив сакаат чесно да им признаат на работодавците дека се премногу суеверни за да работат на тој ден, а околу 30 отсто ги замолиле да им ја исплатат палтата за декември однапред - пред „крајот на светот".


Меѓутоа, никој од „пророците", не е сигурен кога и како светот точно „ќе пропадне". Некои очекуваат судир со гигантски астероид. Други, пак, очекуваат ретко галактичко израмнување што ќе предизвика менување на местата на магнетните полови на Земјата. А трети, пак, тврдат дека дури го знаат и точното време кога ќе настапи „крајот на светот" - 11 часот и 11 минути по Гринич, односно во 12 часот и 11 минути на 21-ви декември 2012 година по македонско време.


Од друга страна, во петте јужноамерикански држави коишто сé уште се под влијание на древната култура на Маите и во кои живеат нивните потомци, Мексико, Гватемала, Белизе, Салвадор и Хондурас, крајот на календарот е причина за славење и радост. Свеченостите почна а на 16-ти декември, а ќе кулминираат во петок. Во регионот по тој повод пристигнаа повеќе од 200 илјади туристи од целиот свет, па очигледно некои добро ќе се офајдат од „крајот на светот". 

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

20/12/2012 16:18
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][5]