Астрономите предвидуваат во вторник „астероидно затемнување

Астероидот 2012 XE54 со размер од околу 40 метри, откриен во неделата во рамките на американскиот проект Каталина, во вторник ќе прелета до Земјата на растојание од 224.900 километри, околу половина од растојанието до Месечината, објави интернет ресурсот на NASA.

Астероидот именуван 2012 XE54 првпат беше откриен на снимките во рамките на американскиот проект за набљудување Каталина (проект за „патролирање" по вселенското пространство во потрага по астероиди и друг вселенски објекти), кога е регистриран во неделата околу 06 часот по македонско време. Подоцна ова откритие било потврдено од опсерваторијата при унгарскиот универзитет во градот Сегедин, како и од јапонската опсерваторија Моријама.

Објектот е класифициран во класата на Аполоновски астероиди, тип мали објекти чијашто орбита се наоѓа надвор од онаа на Земјата и ја сече во најоддалечената точка од Сонцето.

Размерот на астероидот, според астрономите, може да изнесува меѓу 15 и 50 метри. Во 17,53 часот по македонско време на 11-ти декември, тој ќе прелета на растојание од 0,0022 астрономски единици од Земјата, што е еквивалентно на околу 224.900 километри, или 0,58 од просечното растојание меѓу Земјата и Месечината.

Според пресметки направени од страна на астрономот Паксвале Трикарико од американскиот Институт за планетологија, непосредно пред конвергенцијата (приближувањето), ќе се одигра еден редок настан - минување на астероидот 2012 XE54 низ Земјината сенка или „астероидно затемнување".

Астероидот ќе влезе во сенката на Земјата во 02,22 часот по македонско време, а ќе излезе околу 03 часот по македонско време. Во тој период астероидот ќе биде видлив како ѕвезда од 13-та ѕвездена големина, што значи дека нема да може да се набљудува со голо око.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

10/12/2012 14:55
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][28]