![]() Политичка нетрпеливост во локалната власт. Во суштина вистинските политичари треба и мора да знаат дека демократијата почива врз мудроста што води кон воспоставување консензус на политичките катери за минимум државен и национален интерес, но и за интересот на социјалните слоеви. Значи таа претставува наредбодател на потребата од ангажирање на сите творечки потенцијали, поголем степен на заедничка одговорност на политичките субјекти во барање на оптимални решенија. Ова упатува на главната порака на животот која укажува дека општественото тело е поларизирано во поглед на статусот на социјалните групи, нивните интереси и вредности, како и политичките определувања, власта и опозицијата, секоја за себе слепо се однесуваат како да е тоа хомогено, како целост да стои зад едниот или зад другиот актер кој е неговиот легитимен претставник. Ова е всушност сликата што е или што треба до одреден степен да биде отсликана во делот на локалното владеење во нашиот град. Меѓутоа овие основни темелни вредности за тоа што е демократија, која е вистинската функција и одговорност на локалните избраници и како би требало да ја градат политичката култура како да се наоѓаат на последен пиедестал на локалното владеење. Но во овој изминат период во нашата локална власт постои одредена нетрпеливост која пополека преминува во одбрана на суета, ароганција, апатичност кон вистинско извршување на обврските кои произлегуваат од политичката функција, а сетоа ова се сведува на изградба на личност наречена квази-политичар. Ајде малку да се навратиме во поблиското и подалечното минато. Во моментов градоначалникот и опозицијата во советот се од една политичка опција а позицијата во советот од друга. Пред се, политичката нетрпеливост започнува многу поодамна, но со промената во советот со опозиција и позиција, се појавуваат првите субјективни симптоми кај советниците. Незнам зошто, ама очигледно воопшто не научиле што е демократија, па за нивно потсетување да им укажам на фактот дека светот на плирализмот е дијалог, не монолог, поле на различни интереси, ставови и мислења. Другиот голем суштествен проблем, воедно и основата на самиот проблем е градоначалникот. Неговото авторитарно однесување веќе подолго време внесува негативни вибрации како внатре во коалицијата така и во советот. Авторитарни карактеристики кои се забележуваат во начинот на презентирањето на предлози до советот, па се до одредени клучни ставови за локалната заедница. Оваа политичка нетрпеливост е зачинета уште од самиот старт со паника кај градоначалникот што тој преку својата суета им ја пренесува на своите истомисленици. Притисокот од постојано реторичко контрирање и спротивставување без одредени факти придонесува одредени седници да не можат да се одржат на ниво на политичко тело кое ја има моќта на одлучување. Дел од политичката нетрпеливост е и губењето на моќта на позиција. Моќта е ланец со алки, кој доколку една алка ослабе, слабее целиот ланец, а од друга страна навистина ми е мило што конечно може да се слушне нешто поразлично од ставот и мислењето на градоначалникот и неговите истомисленици. Во принцип постојат пет основни причини за политичка нетрпеливост а тоа се: губење на моќ на една политичка партија и концентрација на моќ во друга политичка партија, непостоење или пак сеуште неразвиена политичка култура, квази политички потези за одредени политички ставови и проблеми, суетност и ароганција, слаба опозиција (без разлика на нивното постојано политичко ангажирање). Сепак нашите локални избраници треба да се стремат кон моделот на современ политичар, кој треба да ги содржи сите сегменти на вистински политичар и секако политичката нетрпеливост да почне да се изоставува од редовната комуникација помеѓу партиите бидејќи со тоа ја прикажуваат својата неетичност и во одреден дел својата неморалност. Политичката нетрпеливост може само да ги истакне слабите страни на локалните избраници, а со тоа да и наштетат на својата политичка функција. Дипл.политиколог, Александра Крстевска 21/11/2008
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |