Благодети, награди и одбори за мнозинството, а за граѓаните празни ветувања.

Се чудам и не можам да сватам, дали она што јас го чувствувам и гледам е она вистинското, или луѓето кои не се согласуваат со мене имаат различни видувања за она што значи добро а што лошо.

Подоцна или порано времето ќе покаже кој бил во право, а до тогаш ќе споделам со Вас неколку мои видувања па макар биле и погрешни.

Не можам а да не реагирам на она што се случува во Советот на Општина Велес.

 Во последно време оваа институција повеќе наликува на пазар, одколку на она што навистина треба да биде. Институција во која наместо да се носат одлуки во интерес на сите нас, таа постојано е објект за политичко порамнување помеѓу двата најголеми политички субјекти.

Советниците како да се загубија во сопственото политичко слепило, и немајќи излез од таквата состојба очајно се грепчат зад својот противник.

Во периодот од кога имаме ново мнозинство, видовме и се изнаслушавме се и сешто. Од демократска пардон политичка проституција, па се до нарачани говори за прес конференции од типот „ ќе Ве тужам ако не се извините". Па боже мој, кој да Ве тужи Вас господо, што наместо да работие она за што сте платени, Вие правите се само она вистинското не?

Трагично е што ова и се случува на една општина која сакале ние да веруваме или не, сепак е нај успешна во Република Македонија. Но, едно не ми е јасно. Како е можно при ваков Совет и советници, сеуште да успеваме да го задржиме овој епитет. Веројатно Коцевски ќе треба да одговори на ова прашање.

Трагично е што и покрај сите искрени напори на човекот да направи од ништо нешто, ние сме индиферентни и си гледаме сеир. А кога ќе дојде ред да се прослави успехот од неговата работа, први се редиме покрај него за да се сликаме и да си ги препишеме неговите заслуги како свои. Таков беше случајот и на последната прослава на денот на општината, кога новопечениот претседател, дотеран и стокмен како никогаш до сега, застана гордо на говорница, и како стихови да рецитира кажа што е и што треба да биде постигнато во наредниот период.

Па господине претседник простете ако грешам, паметам и гледам што правите и кои се Вашите заслуги во институцијата која ја водите. Освен купување на советници и сместување на партиски членови во удобни општински фотељи, нема ништо на повидок од Вашата работа. Ако тоа е она вистинското за кое се залагате Ви честитам, бележите успех. Полека но сигурно до целта !!!!!

Но, и тука едно не ми е јасно...!!!!

Зошто на говорницата пред присутните не се пофаливте и за тоа дека коалициравте со „терористи" ? Па зарем не се гордеете со тоа ??

Дека порамнивте нечии долгови за да „птицата" долета во Вашето јато, која пропратно ако не ја прихраневте и наградевте за стореното повторно ќе одлеташе. Па и тоа е успех-сепак, ја задржавте во Вашето јато.

Ги храните и Вашите „сојузници" пардон коалициони партнери со позиции во управни одбори во јавните претпријатија. Голем плус за Вас. И волкот сит и овците на број. Тие среќни, весели и задоволни ќе седат во стадото  а Вие ќе одите кон нови „победи".

Именувавте и нови членови на УО, само и само заради превземање на директорските позиции. И тоа е резултат за поздрав. Се отвори можност за задоволување на апетитите на оние кои трчаа за Вас на избори.

И уште колку треба да набројам .....??

Колку и да бројам, исто ми се фаќа. Овие негови заслуги не се за пред јавноста. Она што требаше да го каже човекот, го соопшти на говорница.

Но ова и не е толку битно колку тоа што конечно тој го живее својот сон. Сон во кој тој е „првиот меѓу еднаквите", тој е оној кој соопштува и заедно со Градоначалникот доделува 9-то Ноемвриски награди, оној кој седи во првите редови и го ужива благодетот на функцијата. Сон, кој го сонува без вољата на граѓаните и од кој кога ќе разбуди, повторно ќе посака да го сонува.

Но тогаш ќе биде доцна. Ќе биде доцна затоа што последиците од неговиот лукуз ќе ги платиме сите ние.

17/11/2008
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][13]