Распишан оглас за три локации за изградба на бензински пумпи

Министерството за транспорт и врски распиша јавни објави за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање наменето за изградба на бензински пумпни.

Станува збор за три локации кои се наоѓаат во општините Прилеп, Свети Николе и Градско, а целта на јавните објави е овозможување нови инвестиции, односно изградба на нови бензински пумпни станици и услужни центри долж магистралните и регионалните патни правци, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Локацијата во општина Прилеп се наоѓа на магистралниот пат М5 кој го опфаќа и патниот правец Велес - Прилеп - Битола. Станува збор за градежна парцела со вкупна површина од 27.070 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 300 денари по метар квадратен.

Локацијата во општина Свети Николе се наоѓа на регионалниот пат, односно патниот правец Куманово - Свети Николе- Кадрифаково. Се работи за градежна парцела со вкупна површина од 41.094 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 150 денари по метар квадратен.

Локацијата во општина Градско се наоѓа на магистралниот пат М1, односно на Коридорот 10. Ќе се лицитира за градежна парцела со вкупна површина од 27,982 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 130 денари по метар квадратен.

Пријавите за учество на јавните наддавања за секоја локација одделно може да се достават најдоцна до 12 март.2012 година. 

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

07/02/2012 19:48
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Валентин Тошев:Ендуро трките само по себе се тест на издржливост на моторциклот и возачот.(Видео)
Lisica.mk Од наш агол Пигментација на кожата
Појавата на темните флеки (хиперпигментација на лице) најчесто е последица на т.н. MELAZMA која се јавува на челото, образите, брадата и горната усна.
Колумна Колумна
Не навредувај ја верата на луѓето За жал, последните десетина дена Македонија, бар онаа онлајн, беше сведок на еден тон оркестрирани, подбуцнати, испровоцирани и наменски провокации, навреди и омаловажувања кон сите припадници на православната вера и МПЦ-ОА.
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД

да

не

не ме интересира

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.11][44]