Промет во износ од 2.011.578,61 денари реализиран е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 1.818.223,61 денари беа реализирани на Официјалниот, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше скромни 193.355,00 денари.
Индексот денес се зголеми за 0,51 % и изнесуваше 1.931,84 поени. МБИД се намали за 0,02 % и изнесуваше 2.032,31 поени, а ОМБ остана исто како и тргувањето од претходниот ден и изнесуваше 120,75 поени.
Најголем промет на Официјалниот пазар беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 570.523,00 денари по просечна цена 2.756,15 денари.
Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беше остварен 182.196,00 денари промет по просечна цена од 3.876,51 денари.
Трета беше акцијата на Стопанска банка АД Битола со остварени 114.950,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 2.090,00 денари .
Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М деветта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,00 % и беа остварени 419.685,61 денари.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 138.555,00 денари, по просечна цена од 513,17 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1.Комерцијална банка АД Скопје
2.Обврзница за денационализација на Р.М деветта емисија
3. Алкалоид АД Скопје
4. Македонски Телеком АД Скопје
5. Стопанска банка АД Битола
Хартии од вредност со најголем раст
1. Макстил АД Скопје 4,90 %
2.Алкалоид АД Скопје 0,40 %
3.Топлификација АД Скопје 0,33 %
4.Комерцијална банка АД Скопје 0,15 %
5.Гранит АД Скопје 0,15 %
Хартии од вредност со најголем пад
1.Стопанска банка АД Битола 0,88 %
2. Македонски Телеком АД Скопје 0,16 %
3. Охридска банка АД Охрид 0,07 %
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.