![]() Во Борец останаа само ракометарите од Велес
Веќе е потврдено дека двајца првотимци ја напуштија екипата и потпишаа со клубови од странство. Голманот Виктор Гигов замина во Турција во екипата на Мерсин, а пивотот Љупче Игнов во романскиот Биа Маре. Засега е непотврдено, но и петмината играчи кои летово го засилија Борец, најавија дека ќе се вратат во нивните матични средини во Куманово и Кавадаречки Тиквеш. Доколку тоа се потврди, тогаш Борец ќе се најде во многу лоша ситуација. Практично со мал играчки кадар, составен од ракометари кои потекнуваат само од Велес, но и со големи побарувања од веќе споменатите играчи. Финансиската состојба во клубот сега е лоша. На сметката Борец нема средства нуту да се подмират основните потреби. Делот од раководството кој остана, се обидуваат да најдат нов добар финансиер, во спротивно неизвесен е настапот во пролетниот дел од сезоната. Ако потагата добро се заврши, најнапред клубот треба да ги исплати досегашните побарувања на играчите, па потоа да се мисли на се друго. Како и да е од сегашната ситуација губат сите. Играчите и клубот кои вака ефикасно не можат да продолжат, но и љубителите на ракометот кои полека се навикна на нови успеси на Борец. 27/01/2012 14:11
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |