![]() Водоводи до три велешки села и реконструкција на мрежата во градот
„Со овие проекти се подобрува животот на околу 10 000 жители во градот но и во руралните средини. Се овозможува замена на старите и штетни азбесни цевки во делот од градот каде тоа не е направено, се овозмжува реконструкција на водоводните мрежи со што ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се намалат загубите на вода. Истовремено се дооформува системот во индустриските зони, што ќе значи побрз економски развој", вели Славчо Чдиев претседател на Советот на општина Велес. Црквино, Сливник, Оризари, до овие села е предвидено изградба на водоводи. Нови системни за водоснабдување ќе добијат и улиците Рилски Конгрес поранешна Игманска , Маца Овчарова, 8-ми септември и Петре прличков. За реализација на овие прокети, општината планира да потроши еден и пол милиони евра. Парите ќе ги добие откако со предвидените проекти ќе конкурира пред Министерството за транспорт. Тоа ќе одлучи дали ќе се градат сите предвидени системи за водоснабдување. „Кога Советот ќе ги усвои, проектите ќе бидат доставени до Министерството кое очекуваме да ги прифати и да продолжи процедурата до крај. Во иднина ќе следат и други проекти", вели Чадиев Освен водоводи, со парите ќе се градат и канализациони мрежи. Инаку сите овие прокети треба да ги усвои општинскиот совет. Денеска за нив ќе расправаат советниците. 27/01/2012 13:59
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |