Невреме ги погоди балканските земји

Снежни врнежи, ниски температури и силен ветер го погодија поголемиот дел од балканскиот полуостров, што на голем дел од граѓаните им зададе главоболки бидејќи невремето во планинските краеви предизвика прекини во сообраќајот и снабдувањето со струја.

Во источна Бугарија снегот блокираше многу патишта, кој паѓа веќе трет ден проследен со силен ветер.

Проблеми има и во железничкиот сообраќај на југозападот од земјата, а во некои општини е прогласена и вонредна состојба.

Повеќе од 120 насeлби остaна без електрична енергија поради дефекти во преносната мрежа. Невремето најтешко ја погоди Романија каде се очекува температурата да падне 20 степени по нулата. Ангажирана е армијата за да им помогне на заробените граѓани на патиштата. Во таква ситуација затворени се неколку училишта, додека многу домаќинства останаа без струја.

Четирите пристаништа на Црното море вклучувајќи го и најголемото, Констанца е затворено поради силниот ветер. Граѓаните кои во Романија веќе две недели демонстрираат против Владата ги продолжија собирите, но поради ниските температури нивниот број е се помал.

Невремето ја зафати и северна Црна Гора. Во Рожајe снегот паѓа веќе два дена, наврнувајќи во висина од два метри. На сила е забраната на движењето на товарните возила, додека десетици села остана без струја.

Невреме ја зафати и Македонија, каде поради снегот, затворен е патот Берово-Струмица откако силниот ветер формираше снежни наноси од два до три метри.

За разлика од северниот и централниот Балкан, Грција, Албанија и Хрватска оваа зима засега немаат поголеми проблеми со снегот и ниските температури.

 

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

27/01/2012 13:57
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.11][26]