![]() Арифи: Не отидов во Атина за да го прашам Пангалос зошто ме примил
Ова денеска го изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, по реакциите во јавноста дека грчките политичари се среќаваат единствено со албанските политичари од Македонија, додека средбите со македонските ги одбиваат. „Мислам дека целиот пристап што го имам јас е пристап во име на сита граѓани. Не би сакала да помислам дека настапот на другите министри во Владата кои работат на меѓународна и надворешна политика е само етнички пристап. Тој пристап е за доброто на сите граѓани. Не би пристапила на тој начин, едноставно јас покажував и ќе продолжам да покажувам иницијативност, не само за овој контакт, туку и за други работи, бидејќи мислам дека ние треба да покажеме иницијативност, затоа што членството во НАТО и во ЕУ е од наш интерес" вели Арифи. Според неа, по оваа средба може да отвори можност за други средби. Арифи вели дека на средбата со Пангалос разговарале за прашањето за името и вели дека оваа посета може да ја подобри атмосферата меѓу двете земји, имајќи предвид дека Македонија покажала конструктивност во однос на ова прашање. „Мислам дека е многу битно да креираме една добра атмосфера во целиот процес, и целиот спор што го имаме", изјави Арифи. Таа му го предала писмото на Пангалос што му го испрати македонскиот премиер Никола Груевски за средба со неговиот колега Лукас Пападимос, а реакциите на ова писмо се очекуваат подоцна. Таа вели дека доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц во Скопје и во Атина би било позитивно, но не ја исклучива можноста Македонија да ја посети и вицепремирот на Грција, Пангалос.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 27/01/2012 13:14
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |