![]() СДСМ уништи, СДСМ брани, а кој ќе ја управи македонската економија. Деновиве навистина ме изиритира еден факт кој можеби навистина да се наоѓавме во држава со долги демократски традиции и можеби ќе поверував, но во овој случај навистина некако работите кај нас се случуваат парадоксално. Навистина е во ред и демократски, работниците преку демократските механизми да го изразат своето мислење и секако своите ставови во врска со нивната моментална состојба. Фактот дека работниците мислат дека е навистина погоден момент за штрајк е нивно право, но навистина не можам да сфатам одредена политичка партија да ги подржува работниците за она што тие штрајкуваат. Простете, нема ништо лошо доколку не го вратиме назад филмот и да се потсетиме кој ги дотера до овој момент работниците. Но оваа политичка партија не ја сфаќа очигледно генезата на случувањата или пак мислат дека се што се случува во негативна смисла се случува само последниве три години и ако нешто е подзаборавено „тоа мора да е од власта од 1998 до 2002 година". О, мои „невини душички" колку само невино делувате и малку подзаборавено. Па вие бевте тие кои го доведовте Нашиот град во оваа состојба. Па вие бевте тие што ја спроведувавте транзицијата и не убедувавате дека вашите постапки се во ред. Вие бевте тие што бевте токлу години на власт и ја укажавте екокомијата, и сега вие прекрасните и секако идеалните дојодовте до моментот да коментирате состојба која вие сте ја започнале. Дали може да ми објасните една хипотетичка ситуација. Политичка партија се наоѓа на власт повеќе од една деценија и што е најважно од самото осамостојување. Ги започнува сите стратешки, политички и економски потези, и секако доаѓа до точката на вриење кога нема каде да оди зашто „изумите" веќе немаат решенија. Но постои една друга страна, (секако во парламентарната деморкарија мора да постои друга страна за да има демократија во државата), и оваа страна сака навистина искрено да им помогне на граѓаните, но е направена голема штета. И сетоа ова да се санира е потребно да помине долг период а уште подолг граѓаните да ги почувствуваат предностите и позитивностите на делувањата и активностите на партијата. И сега кажете ми зарем вие сте токлу големи и возвишени политичари со волшебно стапче па можете се да направите? Оваа е таа парадоксална ситуација, кога вие уништивте она што можеше да и донесе големи предности на економијата на Македонија и на градов, а сега се јавувате во улога на поддржувачи. На крајот би сакала да се прашам која демагогија ја користите за да можете се уште да го привлечете вниманието на народот, и секако која предност ја имате кај нив кога на парламетаните избори убедливо изгубивте и во моментов имате најнизок рејтинг кај граѓаните? 14/11/2008
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |