Борците за правата на австралиските староседелци, денеска го запалија државното знаме, на скалите, на парламентот во Канбера. Вчера тие се судрија со полицијата, протестирајќи поради одбележувањето на државниот празник.
Околу 200 демонстранти маршираа низ Канбера, а знамето го запалија пред полицискиот кордон. Во инцидентот нема повредени, а демонстрантите , откако го запалија знамето се заминаа од пред зградата на парламентот.
Преставниците на староседелците, Абориџините, вчера го опколија ресторанот во кој, премиерката Џулија Гилард и лидерот на опозицијата Тони Абот, присуствуваа на доделувањето на наградите по повод Денот на Австралија.
Борците за правата на староседелците и австралиските власти меѓусебно се обвинуваат за вчерашните обвинувања по настаните пред ресторанот во Канбера.
Полицијата најави дека ќе подигне обвиненија против демонстрантите, додека премиерката тврди дека не и пречат мирни демонстрации, но дека осудува насилни протести, а особено „кога ќе се прекине манифестација во која се делат награди на истакнати граѓани на Австралија."
Акциите на демонстрантите ги осуди ценетиот лидер на Абориџините Ворен Мандин, со образложение дека нив ги организира радикална група.
Денот на Австралија, 26. јануари, се одбележува доаѓањето на првите колонисти од Велика Британија во Сиднеј во 1788 година. Овој ден староседелците го нарекуваат „Денот на инвазија".
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.