Најмалку 28 лица загинале, а 50 се повредени кога автомобил бомба експлодирал во моментот кога минувала погребна поворка, соопштуваат властите во Багдад.
Екслозијата одекнала во монетот која кон гробиштата се движела голема поворка од луѓе кои оделе на погреб на семејството Аl Малики, маж, жена и нивниот син, кои претходниоте ден биле убиено во напад на западниот дел на ирачката престолнина.
Извор од министерството за внатрешни работи изјавил дека експлозивот бил активиран од бомбаш самоубиец.
Насилтвото во Ирак во споредба со 2006 и 2007 е напамалено. Но сепак нападите се секојдневни и повеќе од 200 луѓе се убиени откако америкските воени сили се повлекоа на 18 декември лани.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.