Грчките острови Крит и Санторини утрово повторно беа погодени од земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и засега нема информации за евентуални повредени или материјални штети.
Епицентарот на земјотресот е на 46 километри југозападно од Санторини и 248 километри југоисточно од Атина, информираат од Институтот за геодинамика во Атина.
Ова е втор земјотрес во областа по вчерашниот со јачина од 5,3 степени.
Грција спаѓа во сеизмички најактивните области во Европа. Во земјотрес во 1999 година во главниот град Атина загинаа 143 луѓе.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.