Словенечкиот парламент денеска треба да одржи седница на која ќе биде донесена одлука за новиот мандатар.
Претседателот на Позитивна Словенија Зоран Јанковиќ вчера оцени дека е исправно Јанез Јанша, како „вицепрвак на изборите", да добие шанса да биде кандидат за мандатар за новата влада.
Јанковиќ рече дека тој ќе биде конструктивна опозиција, дека уште некое време ќе биде пратеник, но не одлучил што понатаму.
Како прв кандидат за мандатар што го предложи словенечкиот претседател Данило Тирк, Јанковиќ пред две недели не го доби потребното мнозинство, а за нова кандидатура не се реши бидејќи Јанша го поддржаа 50 пратеници.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.