![]() За 60 стари лица во Велес се грижат две медицински сестри и 20 волонтери на Црвен Крст
„Многу сум задоволно од нивната посета. Се ми помагаат. Ми го мерат притисокот, ми носат лекови, ми помагаат и во домот за било каква работа. Многу се радувам уште од врата кога ќе ги видам", рече Манасиевска. Марија е само една од шеесете стари лица во градот на кои им помагаат овие луѓе. Двете медицински сестри и дваесетте волонтери кои се вклучени во проектот,еднаш неделно ги посетуваат во нивните домови. „Покрај тоа што им помагаме во домот, и им купуваме лекови тие највеќе сакаат да разговараме со нив. Замислете сами седат во четири ѕида и кога ќе не видат едвај чекаат да разговараат и не гледаат како внуци", рече Анѓел Јорданов, волонтер. Проектот го спроведува општинската организација на Црвен Крст во соработка со центарот за социјални работи и матичните лекари. „Целта на проектот е да им се помогне на овие лица во домашни услови. Живееме во едно модерно време каде што практично се нема време да се посвети време на оние луѓе чиј што живот е веќе при крај, кои имаат одредени здравствени проблеми но и оние кои имаат социјални потреби, дружење, разговор и сл", рече др. Милчо Трајков, претседател на О.О. на Црвен Крст. Проектот чини четириесет илјади евра, пари од австрискиот Црвен Крст. Освен во Велес тој се реализира во Крива Паланка и Скопје. 26/01/2012 15:12
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |