![]() Хулигани запалија четири возила во Нови Сад
Запалени се два автомобила со риечки и огулински (хрватски) регистерски таблици. Како што пренесува српски Блиц, покрај ова се случил и уште еден напад во кој се запалени два автомобила кај хотелот „Саем". Околу пет часот утрово оштетени биле четири автомобили паркирани на заштитеното паркиралиште кај хотелот „Вигор" во Нови Сад. Како што дознава Нови лист, напаѓачите ја прескокнале заштитната ограда од жици висока неколку метри, ги полеале автомобилите со бензин и ги запалиле. Сево ова го снимила безбедносната камера на хотелот. Еден од автомобилите „рено лагуна" со риечки регистрации му припаѓа на еден познат риечки ракометен функционер, Владо Липовиќ. Другиот автомобил со огулински регострации е во сопственост на поранешниот ракометар Миро Којчин. Меѓу оштетените автомобили кај хотелот „Саем" има и автомобили со српски регистерски таблички. Хрватските навивачи беа нападнати по натпреварот на нивната репрезентација со Франција, кој се играше во вторник, а во напдот едно лице беше полесно повреден.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 26/01/2012 13:59
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |