![]() Промената на имињата на улиците не ги менува и личните карти
Пратениците во Собранието на Република Македонија изгласаа промена на Законот за лична карта и сега работите се кристално јасни. Личните карти на овие жители се со важност до рокот кој е наведен во самата исправа. Гласањето на пратениците за промана на законот за лични карти доаѓа откако кон крајот на 2011 година предлог на Закон за измена, доставија пратениците Илија Димовски и Илија Китановски. Процедурата за промена на имињата на улиците во Велес започна пред девет години. Тогаш и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ беа единствени. Но кога целата процедура доби завршница СДСМ го промени својот став. Тврдеа дека не по своја вина граѓаните кои живеат на овие улици ќе мора да ги менуваат личните карти иако тие се сеуште важечки. Со ова законско решение се потврдува сосема спротивното. Обврска за промена на личната карта нема да имаа жителите на Велес кои живеат на една од следниве улици, др Христо Татарчев, 8 Септември, Борис Трајковски, Архепископ Михаел, Рилски Конгрес, Партение Зоографски, Методија Андонов, Тодорче Николовски, Асном, Тодор Христов Офицерчето, Оливер Китаноски, Мустафа Кемал Ататурк, Анѓел Мишев, Кресненско Востание, Ангелко Палашев, Христо Узунов и Стефан Димитров. 26/01/2012 13:35
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |