![]() Спомен костурницата повеќе од пет месеци без електрична енергија
Покрај тоа што таа и при најмал дожд, години наназад, прокиснува,сега остана и без струја. Народниот музеј, кој стопанисува со објектот, нема можност да го отстрани дефектот. Побарале помош од локалната власт, вели раководителот на Спомен костурницата Мартин Клифов. „ Точно е дека Спомен костурницата е без струја. Се обидовме да го отстраниме дефектот но, не успеавме. Работиме само преку ден, а ноќе, костурницата е мета на арамиите и наркодилерите. Обезбедувањето е минимално па објектот е постојано на удар на кратците. Украдени се месингените плочи на кои беа испишани имињата на загинатите борци. Без електрична енергија објектот не можеме да го заштитиме", вели Клифов. Во 2005 година Министерството за култура инвестираше сто илјади евра за поправка на покривот. Работите ги изведе Конзерваторскиот центар од Скопје. Кога сите веруваа дека костурницата нема да прокиснува и да го оштетува мозаикот кој со своите 275 метри квадратни е најголем мозаик во Република Македонија. До кога овој споменик ќе биде во ваква состојба прашуваат велешани. „Не е добро да се градат нови споменици а овие изградените да се оставаат на забот на времето", „Неопходна е грижа за споменикот кој е препознатлив за Велес", велат случајно анкетираните велешани. Пред 33 години Спомен костурницата е изградена во знак на благодарност кон 378-те загинати борци за слобода и 209-те жртви на фашизмот. Во средината на костурницата, под распуканото стебло, се наоѓаат посмртните останки на поголем број борци. 26/01/2012 12:54
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |