Експедиција од 53 научници, локални жители и студенти на југот од Суматра открила 46 нови животински видови, соопшти здружението за заштита на природата Conservation International (CI).
Експедицијатa три седмици минала во џунглите крај реките Коетари и Сипаливини, на границата со Бразил, откривајќи меѓу другите и „жабата каубој", рибата-мачка прекриена со боцки за да се брани од големите пирани, како и шарени скакулци.
Членовите на експедицијата откриле и предисториски хиероглифи. Хиероглифите се откриени во близина на селото Квамаласамуту, населено со индијанците од племено Трио..
Во 200 година, предисториските хиероглифи се откриени во спилата Верепаи, во истиот регион, а анализите покажаа дека југот на Суринам бил населен пред најмалку пет илјади година.
При експедицијата на истото здружение од 2007 година, беа откриени 24 нови животински видови. Директорката на Conservation International (CI) за Суринам, Анет Тјон Сие-Фат, изјави дека најновите откритијa би требале да имаат клучна улога во заштитата на екосистемот на југот од земјата која се наоѓа на североистокот од Јужна Америка./крај/афп/сн
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.