Променет системот за гласање за Оскарите

Американската Академија за филмска уметност во средата по локално време објави дека се откажува од традиционалниот систем на гласање со гласачки ливчиња и од следната година ќе премине на електронско гласање.

Новитетот ќе се применува од јубилејното издание на 85-годишнината од одржувањето на првата церемонијата на доделувањето на најпрестижните награди во светската кинематографија.

Академиците ја избраа компанијата „Everyone Counts" којашто во текот на годината ќе треба да го подготви, да спроведе испитување и да го тестира новиот електронски систем за избор на добитници на годишните награди. Меѓу клиентите на компанијата којашто се занимава со обезбедувањето компјутерска безбедност, особено треба да се издвои американското министерство за одбрана.

Одлуката да се премине на електронско гласање при доделувањето на Оскарите, беше донесена по година и пол истражувања спроведени од Академијата.

Досега изборот на номинираните и победниците беше спроведуван со користење на хартиени гласачки ливчиња кои се испраќаат по пошта. Така, кон крајот на декември секоја година, Американската академија за филмски уметности и науки, испраќаше листи за гласање до своите членови за да се утврдат кандидатите за највисоката награда во светот на филмот. Сега тие ќе гласаат за победниците во писмена форма.

Кому ќе припаднат Оскарите определуваат 5.783 членови на Академијата. А резултатите од волјата на членовите на Академијата ги води меѓународната ревизорска компанија „PricewaterhouseCoopers".

Номинираните во сите категории беа објавени на 24-ти јануари 2012 година, а „церемонијата на годината", доделувањето на златните статуетки за извонредни достигнувања во кинематографијата, ќе се одржи на 26-ти февруари и ќе се емитува во живо во 225 земји низ целиот свет, соопшти Академијата. И тоа ќе биде последен пат тоа да биде спроведено „стромодно".

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

26/01/2012 10:26
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.10][38]