Македонија ја победи Србија

Ракометната репрезентација на Македонија го освои третото место, во четвртфиналната Група 1, на 10-то Европското првенство, откако ја победи Србија со 22:19 (11:10).

Македонските ракометари со оваа победа и освоеното третото место во групата се избори за меч, за петтото место, во кој ќе „бркаат" пласман на квалификацискиот турнир, за пласман на ОИ во Лондон. Противник на Македонија во борбата за петтата позиција ќе биде Словенија, овој натпревар ќе се одигра во петок, со почеток во 15:15 часот.  

Македонската репрезентација во Белградска Арена против домаќинот водеше од самиот почеток , на моменти, во првото полувреме имаше и предност од три гола, но Србија полувремето го заврши со негатива од еден гол. Второто полувреме имаше сличен тек како последните минути од првиот дел, се играше гол за гол, но Македонија константно беше во предност, за во последните шест минути со серијата одбрани на Борко Ристовски да биде обезбедена победата.

Кире Лазаров е прво име на мечот со 10 постигнати гола, вкупно 53 на првенството.  Покрај Лазаров уште еднаш во македонскиот тим се истакна Борко Ристовски кој имаше 15 успешни инетрвенции. Во нашиот тим Ванчо Димовски постигна 3, а Филип Лазаров, Стоилов и Златко Мојсоски реализираа по 2 гола. Србија ја предводеа Вујин со 5 и Шешум со 4 гола.

Натпреварот во Белградска Арена го следеа околу 12.000 навивачи од кои две третини беа македонски навивачи.

Србија во полуфиналето ќе игра против Хрватска, додека Шпанија за противник ќе ја има Данска.   

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

25/01/2012 22:12
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.11][34]