Тајландската полиција уапсила маж кај кого најпрвин во багажникот од автомобилот а потоа и во неговата куќа биле пронајдени 10 илјади парчиња женски долен веш. Човекот крадел женски гаќи.
Овој необичен колкционер крадел долен веш заедно со партнер кој исто така е уапсен.
Тој признал дека крадел и ги собирал женските гаќи уште од својата 18 годишна возраст.
Полицискиот генерал кој го испрашувал, изјавил дека човекот постојано ги мирисал гаќите дури и кога возел.
Осомничениот ќе биде обвинет за кражби, но не и за кражба на долниот веш, бидејќи досега во полицијата никој не пријавил кражба на гаќи.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.