Општината ќе гради водоводна линија од угостителскиот објект „Брод Панини“ до мотелите покрај езерото Младост

Ќе се гради водоводот од угостителскиот објект „Брод  Панини"  до мотелите покрај езерото Младост. Реализацијата на проектот, општина Велес  ќе чини околу два  милиони евра.Стучните служби во лоакалната самоуправа  ја подготвува документацијата за реализација на проектот. Цевководот е предвидено да биде долг еден километар и 300 метри. Со проектот ќе се гради и резервоар за вода, тој ќе се користи како преодно решение до поврзување со цевководот од градската мрежа. Вкупната должина на системот цевки кои ќе се инсталираат за водоснабдување на околните објекти, изнесува над пет километри. 

Инаку во првата фаза од проектот е изграден  бунар со шахта кој во моментов обезбедува четири литри вода во секунда. Ова не е доволно за потребите на потрошувачите поради што неопходно е поврзување на цевководот со градската водоводна линија.

Проектот предвидува изградба и на систем за одведување на отпадните води. Овој цевководот ќе биде приклучен на постојниот колектор за прочистување на отпадните води од објектите околу езерото Младост.

За изградба на системите за водоснабдување и одведување на отпадни води, општината планира да потроши околу 2 милиони евра. Парите планира да ги обезбеди со заем од Државата преку аплицрање со проектот до Министерството за транспорт. 

Инаку Општината веќе ја почна постапката за задолжување кај Светската банка. Побарува кредит од 1 милион евра, со овие пари планира да гради цевковод кој со вода за пиење ќе ги снабдува објектите покрај езерото Младост но и селата Отовица, Сујаклари, Иванковци. Засега не се знае кога ќе почне реализацијата на проектот.

25/01/2012 16:23
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][31]