![]() Наместо во градскиот парк 30 зимзелени и листопадни садници веројатно ќе разубавуваат приватни дворови
Но тука не престанале, следната ноќ извршиле уште еден вандалски чин. Со коцки од патеката во градскиот парк искршиле неколку водоводни шахти кои биле наменети за водоснабдување на новиот систем за полевање. Тој беше поставен само пред неколку месеци. Капаците на шахтите, вентилите и другата дополнителна опрема во нив се уништени. Вкупната штета се проценува на 45 илјади денари. Јавното комунално претпријатие случајот го пријави во полиција. Апелираат до надлежните да се пронајдат сторителите и соодветно да се казнат. Градскиот парк честопати е мета на несовесни граѓани. Не така одамна беше уништено градското зеленило и урбаната опрема. Уништена е и оградата меѓу паркот и природното езерце која служеше како заштита од ронливата земја. Веднаш по реновирањето на паркот демолирана беше и урбаната опрема. Не останаа здрави ниту клупите ниту корпите. Континуирано се крадеа и цветните насади од хризантеми на главната улица но и на останатите зелени површини. Од јавното претпријатие се жалат дека граѓаните редовно ги полнат уличните корпи со отпад од домовите иако тие не се наменети за тоа. Корпите се преполни а отпад е рсгрлан и околу нив.
25/01/2012 14:15
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |