Тоше, среќен роденден

Во прилепската болница на денешен ден пред 31 година се роди музичката легенда Тоше Проески. Животот на македонскиот музичар од светски размери заврши трагично, во сообраќајна несреќа која се случи на 16 октомври во 2007 година кај Ноша Градишка, Хрватска.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост. Споменот за него и тагата која ја остави по неговото заминување и по шест години не стивнува, не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан.

Неговите музички успеси ги поминаа сите граници, а со својот глас тој го освои светот.

Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997 година.

Солисти од Македонија, Бугарија, Хрватска и од Словенија изминатиот викенд во  Македонската опера и балет ги отпеааа хитовите на Тоше Проески како оперски арии во чест  на неговиот 31 роденден. 

Солистите беа пратени од Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше, кои на сцената беа заедно хорот „Про арс" и под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. 

Пијанистот Симон Трпчевски ја отсвири познатата песна на Тоше "Љубена", а Влатко Стефановски со својата гитара ја отсвири "Арија", која Тоше ја изведе со италијанската пејачка Џана Нанини. 

Оперската дива Весна Гиновска Илкова го заврши концерот со изведба на "The hardest thing". 

Собраните средства ќе бидат донирани за Детската клиника во Скопје. 

25/01/2012 10:41
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.06][33]