Полесно до сопствен дом

Од среда, па сè до 1. март граѓаните ќе можат до банките да поднесуваат барање за учество во проектот „Купи куќа, купи стан" за добивање на субвенциониран станбен кредит од Владата.


Овој кредит е наменет за сите граѓани, а пред сè за оние кои имаат средни и пониски примања на коишто им е потребна помош на почетокот.


„Понудивме два модела. Првиот е половина ратам и тој дава шанса владата пет години да отплаќа половина од месечната рата од станбениот кредит на граѓаните. Кај вториот модел половина учество, Владата ќе плаќа половина од учеството за да се добие станбен кредит. И кај двата модела каматната стапка е повластена, односно значително помала од пазарната. Во првиот модел каматната стапка што ја договоривме со банките е 4,99 проценти во првите три години, односно 5,5 проценти во четвртата и петтата година. Кај вториот модел каматната стапка е  ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени", вели министерот за финансии, Зоран Ставрески.


Според премиерот Никола Груевски, станбеното прашање претставува постојана грижа, главоболка и долгогодишен проблем.


„Најголемиот предизвик дефинитивно е исправен пред младите, пред оние кои планираат да стапат во брак или, пак, оние кои веќе стапиле во брак, но станбеното прашање сè уште не им е решено. Само за илустрација, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година изградени се 871 стан, а биле склучени 14.155 бракови. Разликата помеѓу бројот на склучени бракови и новоизградени станови е голема и дефинитивно голем број од овие семејства имаат голема потреба да го решат станбеното прашање", изјави Груевски.


„Осум банки го прифатија овој проект за да го пренесеме нашето чувство за општествена одговорност. Мислам дека тоа е добар проект кој ќе им овозможи на многу луѓе со пониски примања да го решат своето станбено прашање под поволни кредитни услови. Од друга страна, ние добиваме нови млади клиенти и добиваме сигурност во наплатата на кредитите", изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкари.


Владата очекува 2.500 кредити, а ако се работи за кредит за купување на стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина.


Министерот за финансии вели дека засега градежните компании се заинтересирани да учествуваат во овој проект. Според него, еден дел од нив имаат изградени или станови кои се финализираат во Скопје, во населбите Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Ново Лисиче.


„Некаде цената може да биде над 900 евра, но градежните компании ќе ја спуштат за да учествуваат во проектот" вели Ставревски.


Доколку има повеќе апликации, селекцијата ќе се прави преку електронски софтвер и предност ќе имаат оние граѓани кои имаат помали примања и кои бараат помали кредити.


Овој проект ќе ја опфати и доградбата на куќи, но градежната дозвола треба да гласи на име на кредитобарателот. Оние што нема да добијат субвенционирање на станбен кредит ќе имаат можност да се пријават на друг оглас. Кога ќе биде овој оглас ќе зависи од интересот во март месец, но од Бладата не исклучуваат да има уште еден оглас оваа година.


Премиерот апелираше до градоначалниците во деталните урбанистички планови да предвидат повеќе локации за изградба на куќи, бидејќи тие им овозможуваат на граѓаните за помалку пари да се добие поголем простор.


Првите кредити се очекува да бидат одобрени кон крајот на март и почетокот на јуни.


Copyright 2012 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

25/01/2012 09:29
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][52]