Се чека последниор рок за промена на личната карта

Велешани навалија во Управните служби на Министерството за внатрешни работи. Секојдневно по 200 граѓани аплицираат за промена на старите лични карти. Остануваат уште 40-тина дена до крајниот рок во кој треба да се заменат старите патни исправи. 

„Оние кои имаат закажано термин за аплицирање доколку се во можност да доаѓаат во просториите на управните служби во терминот од 14.30 часот до 20 часот, оние термини до 14 часот се пополнети па сметаме дека така би ги избегнале непотребните нервози и турканици", рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.  

Од велешката полиција информираат дека Управните служби работат двосменски а се работи и секоја прва сабота во месецот. За олеснување на постапката, МВР подготвила уплатници со потребните податоци за аплицирање за нова лична карта. 

„ Управните служби имаат мобилна базна станица која с еоднесува на лицата кои не се подвижни. со претходно добиена потврда од матичен доктор дека одредено лице е неподвижно се поднесува барање до управните служби каде се остава контакт телефон и во најкус можен рок мобилната базна станица оди во домот на неподвижното лице и таму с еостварува правото на добивање на документ, односно се аплицира", рече Стојковска. 

Во октомври пак истекува рокот за промена на возачките дозволи. За оваа исправа, граѓаните можат да аплицираат без претходно закажување. 

„Значи двосменското работење важи за аплицирање за лични карти и патни исправи додека сите оние граѓани кои што сакаат да аплицираат за добивање возачка дозвола можат да поднесат барање секој работен ден од понеделник до петок од 9 до 16.30. часот без претходно да закажуваат термин", рече Стојковска.  

27 февруари е последниот рок за аплицирање за нова лична карта. Од Министерството за внатрешни работи велат дека граѓаните кои нема да го почитуваат терминот, нема да се казнат но повеќе не ќе можат да ја користат старата исправа. Така доколку се обидат со старата лична карта да подигнат пари од банка, службениците тоа нема да го дозволат.

24/01/2012 14:59
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.06][46]