![]() Водата од „топлиот“ бунар во Стари Град забранета за пиење
Тоа е препораката на надлежните од Заводот за здравствена заштита по анализата на примерокот. Испитувањата покажале дека во водата од бунарот има органско загадување и отстапувања во хемискиот состав. „Водата не е за пиење. Испитувањата покажаа органско загадување. На семејството им препорачавме да не ја пијат ни превриена бидејки има отстапувања во хемискиот состав„вели Д-р Снежана Петрова од Заводот за здравствена заштита. Водата од бунарот досега беше од животно значење за семејството Тодоровски. Ја користеа за сите пореби. Сега ќе мора да копаат нов бунар или и во иднина за домашните потреби вода да полнат од кај првите соседи. „Од овој бунар пиеме вода над 15 години. Со него миеме ,переме и се друго. Откако со затопли не ја користиме водата ,туку се снаоѓаме од комшиите и од нивнот бунар сега се служиме“, вели Снежана Тодоровска. Тодоровски засега не знаат што да прават со водата од бунарот и како на најдобар начин да ја искористат. Сеуште непозната е и причината поради која од бунарот наместо ладна почна да извира топла вода. Кој елементи сега во себе ги содржи бунарската вода се очекува да се знеа откако ќе се направат дополнителни исп итувања. 24/01/2012 14:44
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |