Мечот со Србија ќе биде спектакл

Најдобриот стрелец на тековното Европско првенство во ракомет, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, во интервју за „Б92" вели дека утрешниот дуел меѓу Македонија и Србија ќе биде вистински спектакл за сите, особено за навивачите.

„Очекувам извонредна атмосфера против Србија. Ќе бидат 10 илјади наши против 10 илјади српски навивачи, па ќе можеме на светот да му покажеме како се игра ракомет на просторите на поранешна Југославија, како се навива за својот тим и како се сака татковината", вели Лазаров.

Македонија, секако е најпријатното изненадување на првенството, нашите репрезентативци никој не ги надигра, иако за ривали ги имаа Данска, Шведска и Германија.

„Немаме доволен фонд квалитетни играчи и ни се случува во второто полувреме да паднеме во играта. Играме фантастично 35 или 40 минути, водиме на полувремето, тоа за нас се некои нови моменти. Сево ова што ни се случува е неверојатно, но убеден сум дека можеме да продолжиме да играме со висок интензитет", нагласи Лазаров.

Најдобриот македонски ракометар со 43 голови е најефикасен на Еуро 2012, му недостигаат уште 14 за да го надмине рекордот на Стефансон и Ловгрен.

„Играме за Македонија, за навивачите, и тоа не може да се спореди со настапите за клубот каде што заработуваш плата. Како пример ќе го наведам мојот клуб Атлетико Мадрид, кој има богат сопственик и кој освојува трофеи, тоа не може да се спореди со она што ние го правиме на ЕП во Србија. На секој натпревар го даваме максимумот, и тоа ни дава сила рамноправно да се носиме со ракометните велесили."

Лазаров анализира и какви се шансите на Македонија за пласман во полуфиналето.

„Не одлучуваме само ние. Оние екипи кои се тивки, не ветуваат премногу пред почетокот, секогаш се најдобри, оние кои најавуваат медал - редовно минуваат лошо. Ние ќе одиме натаму, без притисок, малку ќе се одмориме и ќе продолжиме со натпреварувањето", порача Лазаров.

Во среда во последното коло, во четвртфиналната Група 1, Македонија, доколку сака во полуфиналето, ќе мора да ја победи Србија, но истото треба да го сторат Полска против Германија и Шведска против Данска.

Натпреварот Македонија - Србија во Белградска Арена ќе започне во 20:15 часот. 

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

24/01/2012 13:43
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.08][33]