200 000 евра добивка за Колска во 2011

200 000 евра добивка за фабриката за шински возила Колска во минатата година.

Тоа е резултатот од работењето на фирмата во 2011.

За прв пат по независноста Колска прикажува посериозна добивка на крајот од една година. Досега речиси секогаш сметката на компанијата била во минус.

Според директорот Александар Атанасов тоа се должи на реорганизацијата на капацитетите ,но и проширувањето на дејноста кон странските пазари. Колска годинава склучи договор со железницата од Косово, тежок 350 000 евра.

„Досега единствено во 2001 година има остварено 63 000 денари добивка, а сите други години Колска бележи минус па и до 40 милиони денари. Странскиот пазар е клучен но од тие 80 до 90 милијони кои ги имаме во приходната страна, голем дел околу 70 милјони се од МЖ, што значи дека луѓето ни веруваат поради доброто работење", вели Александар Атанасов директор на Колска.

Во Колска веруваат дека добрите резултати ќе продолжат. Атанасов вели дека склучиле добри договори. Фирмата има обезбедено работа за целата оваа година. Стратешки партнер останува Македонски железници, но Колска ќе продолжи да се шири на пазарите во странство.

„Имаме склучено добри договори. Работа има за цела година. Сега останува само на нас и на работниците тоа да го завршиме во предвидените рокови и ја го повториме успехот од минатата година", вели Атанасов.

И покрај сето ова фабриката сеуште треба да се подобрува. Најголем проблем со кој се соочуваат е староста и истрошеноста на работната сила. Над 70 проценти од вработените се во поодминати години. Потребно е тие нивното знаење и стручност полека да им го пренесуваат на помлади генерации, кои ќе ги заменат.

24/01/2012 12:33
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][42]