![]() Нови европски првенства,стари навивачки песни Кошаркарите пред неколку месеци, ракометарите и ватерполистите сега, кој знае можеби фудбалерите в година ќе притиснат да влезат на европско или светско првенство покрај успесите на тимските и популарни спортови во светот а богами и кај нас. Ниш беше црвено жолт, кога го видов уште самиот град обоен во црвено жолто знаев што да очекувам во халата Чаир а таму 100 децибили песни од типот ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ, кафеаните полни од Македонци, ечат македонски песни на сите страни и навивачки и оние стари народни македонски песни....е арно ама на некој му смета што се враќа оптимизмот дека можеме повеќе и повеќе и повеќе и повеќе а не да се задоволуваме како до лани со онаа старата "Битно е да се учествува" и кога почнаа кошаркарите знаевме дека нема да застанат тука спортистите во Македонија, продолжија во карате со медали,ватерполистите се во Холандија на европско првенство ( некои мрчат дека 80 % не се Македонци), меѓутоа имаат македонско државјанство исто како што имаше и Бо Мекејлеб што автоматски и тие прават успех во корист на нашата држава а се надевам и тие ќе не однесат на олимпијада во Лондон. Е сега да се вратиме малку дома после Ниш и сега Белград кога во Србија буквално врие од Македонци со антички шлемови, знамиња македонски и обележја и стари и нови, почитувани од ЕХФ и пофалени дека ваква публика или поточно навивачи немаат видено одамна на ракометно првенство на некои луѓе почна да му смета тоа, а тоа се истите тие луѓе кои што ја критикуваа неофицијалната химна на Македонската репрезентација во кошарка(па слободно можам да кажам и овде во ракомет) кои што не нарекуваа нас навивачите со секакви погрди зборови и уште продолжуваат да напаѓаат и навредуваат,како што читав една колумна од познат новинар опозиционер дека навивачите што носеле антички шлемови биле невидени идиоти и со тоа сме ја навредувале Грицја?????Ало дечко ти за ловџијата (Македонија) или за мечката (Грција) си???? Па до кога бе мајко му стара така...Во политика сте исто против се што е наше ајде ќе разберам политика ама вие ја претеравте почнавте и за спорт експерти да станувате, експерти за човекови права, експерти за слобода на медиуми, експерти за демократија, експерти за архитектура и сега види мајката експерти и за спорт !!!Се што правиме ние како Македонци што е наше право за вас не чини и со тоа ја навредуваме Грција? До кога така? Вие сте мултифункционални не мора да земате новинари од различно новинарство се можете сами...соберете се два-тројца луѓе и почнете да правите медиум. Политика се разбирате, спорт исто, култура исто, економија исто, право исто....па вие ќе скратите многу работни места на новинариве ќе треба како што има човек-партија вие човек-весник (или сега популарно е ова со електорнски медиуми). Гледам почна и опозицијава да излегува со непопуларни колумни по веснициве, па така ли ќе барате гласови од народот кој што ако не 100% ама 90% ја пеат ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ и вие со самото тоа што критикувате дека не можеме дека не треба да се надеваме, дека сите што носат знамиња и антички шлемови се идиоти и што уште не критикувате ќе му барате на народов да гласаат за вас...ооооооо до кај сте стасале со таквата политика ДО НИКАДЕ. Замислете кога ќе излезе Македонскиот олимписки комитет кога ќе не претставуваат на Олимпијада, знаете како се излегува сите претставници заедно и знамето напред, и од секогаш сме имале максимум 10 луѓе, а сега очекувам дека ракометариве, кошаркариве, ватерполистиве, пливачи каратисти и уште еден куп репрезентативци ќе шетаат во Лондон, се на се некаде околу 100-150 луѓе со се стручни штабови лекари итн. Затоа ќе ве замолам Вас експертите по спорт а и по се друго пошто вие по звање ново сте ЕКСПЕРТИ за се и сешто што се случува во државава да не ја плукате државава да не го плукате Македонскиот народ, ако не ви чини марш у „КУРдистан" или кај сакате само не овде, затоа што очигледно е дека не и мислите многу арно на државава со вашите навреди и на спортистите кои што се амбасадори во светот и на навивачите кои што се крилата на спортистите. И на крај ќе ве поздравам со песната ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА И ПОЗДРАВИЈА ГОЦЕВАТА РАСА, КРЕНЕТЕ РАЦЕ ВИСОКО ГОРЕ, НАШЕ ЌЕ БИДЕ И СОЛУНСКО ПОЛЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕ .. . . . . . пишува Јане Ченто 24/01/2012 11:52
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |