![]() Џоли била заљубена во Србин кој ја оставил?
Џоли и Миша од Звездара, како што го нарекувале ова згодно момче во Белград, дури и живееле заедно неколку месеци, се додека тој не ја оставил. Миша заминал од Белград веднаш откако во 1991 година завршил средно училиште. Се вработил кај својот постар брат кој веќе бил во САД и се занимавал со организирање на гламурозни забави за познатите од Холивуд. На една од тие забави, згодниот Белграѓанин и паднал во очи на актерката која во тоа време го започнала својот вртоглав успех во актерската кариера. Анџелина во тоа време била пред развод со својот прв сопруг, британскиот актер Џони Ли Милер, со кого се венчале во 1996 година. Нејзината врска со Миша била доста бурна и траела неколку месеци за да заврши некаде во времето кога НАТО ја бомбардираше Србија пролетта 1999 година. По оваа врска, Анџелина утеха нашла во прегратките на актерот Бил Боб Торнтон. Во изјавите за својот филм посветен на воената љубов меѓу Србин и Муслиманка, жртви на военото злосторство, Анџелина секогаш нагласуваше дека нејзе и е најважно како нејзиниот филм ќе го прифатат Србите. Српските медиуми го поставуваат прашањето, дали сликата за злобните Срби би била поинаква ако врската со Миша потраела. Поранешното момче на Анџелина според информациите на „Ало" се уште се наоѓал во Холивуд. Џоли пред неколку години во разговор со група српски новинари била шокирана кога еден од нив ја прашал за старата љубов. „Од каде знаете за ова? Па тоа беше одамна". Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 24/01/2012 10:55
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |