![]() Опомени за хрватските телевизии кои не ги преведуваат српските филмови
„RTL Хрватска ги повикува членовите на Советот за електронски медиуми да поднесат оставка поради непочитувањето на законот кој би требало да го спроведуваат, нестручност, пристрасност при донесувањето на штетни и противзаконски одлуки" се наведува во соопштението на RTL. Советот своето предупредување го образложил со одредбите на Законот за електронски медиуми и со тоа ја прекинаа досегашната позитивна пракса во хрватските медиуми, според која филмовите или сериите на српски јазик не се преведувале. „RTL има намера да ги преземе сите расположливи правни чекори против Советот за електронски медиуми бидејќи со континуирано непрофесионално постапување и пристрасни одлуки, како оваа за „Жикина династија", во последните девет месеци три пати донесе слични многу произволни и дискриминирачки одлуки против RTL, со што денеска ни се заканува можност од губење на концесијата" велат од RTL. Хрватската агенција за електронски медиуми минатата недела, по одлука на Советот, ја опомена телевизијата RTL бидејќи не ги преведувала српските филмови на хрватски јазик кои сè почесто се емитуваат на програмата. Во текот на изминатите десетици години бројни српски филмови се прикажуваат на хрватските ТВ станици и на филмските фестивали и во кината, каде моментално на репертоарот се „Непријател" на Дејан Зечевиќ и „Парада" на Срѓан Драгоевиќ, но никој не го поставил прашањето за српско-хрватски превод. Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 24/01/2012 10:37
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |