![]() Годината на змејот ќе донесе големи промени и катаклизми
Во кинеската култура годините на змејот се сметаат за добри за бракот, за наталитетот и за постигнување на голем успех, но исто така имаат и своја темна страна - митското суштество владее над водата и дождот, носејќи добра жетва, но исто така и поплави и други природни катастрофи. „Змејот е единственото митско суштество во кинескиот хороскоп. Тој го претставува небото", објаснуваат астролозите. Кинезите веруваат дека има пет елементи кои ја формираат суштината на универзумот - металот, дрвото, водата, огнот и земјата. Водата носи пари и претставува позитивна година. „2012-та е годината на водата, што значи дека кинеската и другите азиски економии ќе се развиваат добро. Американската економија оди стрмно надолу во последните шест години и ќе го допре дното во 2012 година. Значи наскоро, уште во 2013 година, економијата на САД ќе започне да заздравува. Европа доживува тешки времиња, бидејќи се наоѓа во негативен циклус на развој од 2009 до 2014 година", велат астролозите. Тие предвидуваат исто така, дека оваа година ќе се случат и големи епидемии, поради што ги советуваат луѓето да преземат дополнителни мерки за здравјето. Астролозите категорично не се согласуваат со предвидувањата на Маите за крајот на светот оваа година. Годината на змејот може да доведе до крајот на светот, но до крај на светот каков што го познаваме, а не до апокалипса. Сепак, многу е веројатно да се случат големи промени во светот и катаклизмички настани, тврдат астролозите. 23/01/2012 18:00
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |