![]() По трет пат оштететн автомобилот на градоначалникот Петров
Ноќеска бил скршен ретровизорот од левата страна. Автомобилот марка „Сааб" бил паркиран пред Народниот музеј. Оштетувањето било пријавено во полиција и се трага по сторителот. „Вчера околу 10 часот е пријавено дека на автомобил марка „СААБ" е пријавено дека е скршен левиот ретровизот. СВР Велес не изврши увид затоа што автомобилот е преместен од местото на настанот. Сепак ќе провериме дали тоа е вандалски чин или пак е последица на удар од друга кола„вели Анита Стојковска портпарол на СВР Велес. Инаку ова е трето оштетување на автомобилот на градоначалникот за период од околу два месеца. Прв пат беа искршени предното и задното ветробранско стакло како и стаклото на возачкото столче. По само две недели, инцидентот се повтори. Непознати сторители го скршија предното ветробранско стакло а беше оштетен и дел од покривот. За сите три инциденти полицијата се уште трага по сторителите. Уште при првото оштетување, градоначалникот Петров изјави дека најверојатно тоа е закана за неговата работа но најави дека нема да потклекне на притисокот. Тој ќе продолжел да раководи со општината според планот кој го предвидел. 23/01/2012 12:40
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |