Економско заживување на Општина Чашка

Инвестиција вредна 2,5 милиони евра ќе се реализира во  Општина Чашка.

Грчкиот бизнисмен Василај Ласој планира  на реката Бабуна да гради фабрика за производство на вода за пиење.

Преговорите со локалната власт привршуваат, сега Василај и консултантите работат на документацијата за добивање на дозвола за градба на фабриката  во која годишно ќе се произведуваат од 3 до 4 милиони шишиња вода за пиење. Произведената вода која најверојатно ќе гоноси името на реката од која се произведува  инвеститорот планира да ја продава во Русија, Белорусија и Италија.

„Неколку месеци интензивно работиме на испитување на квалитетот на водата, направени ни се сите потребни анализи, сега на потег е државата.Со консултантите работиме на документацијата. Средствата потребни за инвестирање во целост се обезбедени, штом ги добиеме дозволите, веднаш ќе почнеме со градба", вели Василај Ласој.

Оваа инвестиција е очекувана за Општината. Градоначалникот Горанчо Пановски вели дека во изминатите две години напорно работеле за промоција на природните ресурски со кои изобилува Општината. Пановски открива дека 2012 година  во Чашка покрај грчката инвестиција веројатно ќе се реализираат уште две поголеми инвестиции.

„Како Општина информирани сме дека постои заинтересирана фирма за стопанисување со земјиштето на кое се наоѓа глина од која се произведуваат најквалитетните  тули. За многу кратко време очекуваме да го добиеме и во владение хотелот во селото Врановци. Овој објект е неопходен за развојот на туризмот ако се има во предвид фактот што минатата година со минимални капацитети за сместување на гостите општината ја посетиле 15000 туристи", рече Горанчо Пановски, градоначалник на Општина Чашка.

Во најеколошката општина  во Македонија засега доминира земјоделството. По реализацијата на овие три инвестиции сликата во Општината ќе се промени. Очекувањата се овие инвеститори да бидат потик за други инвестиции со кој ќе се развива малото стопанство во Чашка.

23/01/2012 10:01
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.06][34]