![]() Мраз, над езерото Младост
Најкритично било мината ноќ, кога температурата во Велес се спушти на 14 степени под нулата. Тогаш целата површина на езерото беше замрзната. Замрзнувањето на велешкото езеро најмногу ги погоди преселните птици, кои во овој период од годината живеат на езерото. Денеска патките, кормораните, гнурците и другите видови птици беа собрани само на оној мал дел од езерото што не беше замрзнат. Во вакви услови тие едвај ја преживуваат зимата. Сепак напомош на овие птици кои секоја година доаѓаат и се атракција особено за најмладите посетители, им притекнаа членовите на еколошкото друштво Вила Зора. Тие веќе неколку дена им носат пченка и пченица. Птиците на овој начин се приближуваат кон брегот и се прихрануваат. „ЕД Вила Зора секојдневно води грижа за овие птици, бидејќи во вакви услови птиците немаат храна. Наши членови патролираат секојдневно околу езерото и на одредени места оставаат храна што друштвото ја обезбеди. Дневно им оставаме по дваесетина килограми храна, рече Сашка Коцевска", член на ЕД Вила Зора. Од еколошкото друштво најавија се одека езерото е замрзнато тие ќе им носат храна на птиците. Секоја година, во овој период, ниските температури го замрзнуваат велешкото езеро. Пред петнаесетина години, езерската површина наликуваше на големо лизгалиште, по која се лизгаа голем број граѓани и поминуваа од едниот до другиот крај.
20/01/2012 16:46
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |