„Одиме во Белград!“ Македонија ја победи Чешка

Ракометнaта репрезентација на Македонија избори пласман во втората фаза на Еуро 2012, откако вечерва, во пеколната атмосфера, во нишкиот „Чаир", ја победи Чешка со 27:21 (12:12).

Натпреварот кој значеше опстанок за една од репрезентациите на Европското првенство, Македонија го одигра на исклучително високо ниво, покажувајќи уште еднаш дека заслужува место меѓу најдобрите 12 селекции на 10-то ЕП.

Одбраната уште еднаш беше клуч на победата на „црвено-жолтите", но овој пат избраниците на Шундовски одиграа многу поквалитетно и во нападот, каде покрај Лазаров, изворедни партии пружија Миркуловски, Темелков и Мојсоски.

Вистинска ракометна војна се водеше во првото полувреме, во кое ниту една од репрезентациите не успеја да создаде предност поголема од еден гол.

Стартот на второто полувреме беше клуно за конечниот победник, Македонија во првите десет минути со сериите од 3:0 и 4:1, создаде предност од три гола, која не ја испушти до самиот крај.

Во последните 20 минути, носени од фантастичната публика, нашите ракометари рутински ја сочуваа предноста и со оглед на изданијата против Шведска и Германија, апсолутно заслужено ќе патуваат во Белград.

Капитенот Лазаров одново беше предводник на нашито тим, тој постигна 7 гола, Миркуловски даде 5, Темелков 4, Мојсоски 3 гола. Одличен на голот на Македонија беше Борко Ристовски со 10 одбрани. Кај Чешка најпрецизни беа Јиха и Хорак со по 5 гола.

Македонија во втората фаза ќе пренесе еден бод, од Б групата, Германија ќе патува за Блеград со четири бода, а Шведска исто како и Македонија носи еден бод.

Првиот натпревар во втората фаза Македонија ќе го одигра во сабота против домаќинот на првенството Србија.  

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

19/01/2012 22:36
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][28]