58 велешани запливаа во реката Вардар по светиот крст

Дваесет и едно годишниот Антонио Тасевски го фати светиот крст во Вардар на денешниот христијански празник Богојавление Водици. Тој беше најсреќниот од деветмината другари кои денеска запливаа во Вардар по светиот крст. Минатата година не успеал, но годинава имаше среќа. Не му пречеше ладната вода да доплива прв до крстот. 

„По втор пат учествувам. Најпрво за здравје, а потоа и за среќа и благостостојба. Не се подготвував нешто специјално само решивме да с епријавиме и ете го фатив крстот и многу сум среќен", рече Антонио. 

Среќниот Антонио, Владиката Агатангел го благослови и му подари златен крст и Светото писмо. Со разни подароци го опсипаа општината, јавните претпријатија и бизнисмените. 

Најголемиот  од христијанските празници, Богојавление Водици, денеска го проследија илјадници велешани. Застанати од двете страни на реката возбудено го следеа осветувањето на водата и фрлањето на крстот. 

„Ние македонските христијани од градот Велес од Повардарската епархија го чествуваме големиот христијански празник Богојавление или крштевање Господово. Денеска сите ние излеговме покрај водите, ја осветивме нашата најголема река Вардар а преку осветувањето на реката ги осветуваме сите потоци , извори, притоки", рече  Владиката Агатангел. 

Годинава по светиот крст запливаа педест и осум велешани. Настанот го следеа илјадници граѓани.

 

(следи фото вест)

19/01/2012 13:39
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.21][30]