Пациентите контра лекарите

Секој преглед кај матичен лекар да се наплатува по 50 денари, ова го бара еснафското здружение. Во Здружението на приватни лекари, велат дека се одлучиле на овој чекор оти не можеле финансиски да опстојат. Фондот за здравствено осигурување доцнел со исплатата на капитацијата. Така сега чекаат пари за јуни. Кај некои матични доктори, државата должи и по 8 илјади евра. 

,,На матичните лекари се уште не им е доисплатено за месец јули. Значи за јули, авгист и септември требаше да добиеме до петти декември, денеска е 16 јануари и се уште не ни е доплатен. Ова е трет пат јас како претседател да се грижи за две илјади лекари и за нивната финансиска состојба и сметам дека не е во ред, рече др. Лили Чолакова Дервишова.  

Граѓаните жестоко реагираат на ваквото барање на лекарите. Најголем е револтот кај хронично болните кои неколкупати одат кај својот матичен доктор. Се плашат дека и спцијалистите ќе побараат повисоки цени  за услугите кои ги нудат. 

,,Не би требало посебно за пензионерите. Дневно давам по 500-600 денари за лекови. Сегде само се зима а не се дава",

,,Не треба да се плаќа. Еве сега идам од лекар за една недела имам 2000 денари дадено",

,,Тоа не е право, ако еднаш е кажано така и така треба да биде. Лекарот пари чини како лекар ама треба да имаат разбирање и за нас пациентите", рекоа случајно анкетираните велешани. 

Од здружението на приватни лекари додаваат дека воведувањето на партиципацијата ќе помогне во нормално функционирање на амбулантите. Предупредуваат дека никаде во светот нема бесплатно здравство. 

,,Во тој случај матичниот лекар ќе има квалитетно а не квантитетно да лекува. Значи партиципацијата ќе биде еден вид квалитет наспрема квантитет, од друга страна и мала финансиска помош бидејќи кај матичен доктор, тоа е единствената институција каде што можете да влезете безброј пати а да не платите ништо", рече др. Чолакова. 

По втор пат еснафското здружение бара воведување партиципација од 50 денари.  Викендов ќе одлучува дали ќе опстои  барањето.  Инаку фондот за здравство, вчера излезе со став дека веќе е почната исплатата на капитацијата и за кратко време матичните лекари ќе ги добијат заостанатите пари.

18/01/2012 15:21
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][34]