![]() Утре ќе се чествува христијанскиот празник Богојавление
Оваа бројка не е конечна, велат од Епархија. Се очекува до крајот на денот и утре пред почетокот на светиот чин да се пријават уште неколкумина граѓани. Како и во изминатите години и годинава се очекува настанот да го проследат илјадници граѓани кои и покрај ниските температури ќе ги бодрат пријавените да влезат во ладната вода. Богослужбата за големиот христијански празник почнува со литургија во црквата Св. Спас, со која ќе чиноначелствува владиката Агатангел. Потоа свштениците заедно со народот од црквата ќе се упатат кон Мало Мовче од каде владиката Агатангел ќе ги освети водите и ќе го фрли светиот крст. Измината година по светиот крст во Вардар запливаа седумдесет и шест верници. Чинот го проследија илјадници граѓани, а меѓу нив беше и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Празникот, кој се слави уште од вториот век е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Овој празник се нарекува уште и водици, заради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Оние кои го фатиле светиот крст велат дека им носи среќа, здравје и благосотојба. По светиот крст утре насекаде низ Македонија се очекува да се фрлат десетици илјади верници. 18/01/2012 13:57
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |