![]() Второто полугодие во велешките училишта е од 23 јануари
Од локалната самоуправа уште пред празниците поднеле барање до Министерството за образование за да се одложи првиот училишен ден и наместо од петок, наставата да започне од понеделник. Општинскиот инспектор за образование Божидар Јовиќ за веб-порталот Лисица денеска ја потврди оваа информација. „По наша иницијатива Министерството им даде предлог и на другите Општини тоа да до прифатат. Во Велес сигурно ќе започнеме со настава од понеделник 23-ти јануари", вели Божидар Јовиќ, Општински инспектор за образование. Главната причина поради која училиштата и Општината побарале да се одложи првиот училиштен ден е затоплувањето. Во зимскиот распуст, поради лошата финансиска состојба сите штедат и парните котли со системот за затоплување се искучени. Непотребен голем трошок за нив е да се рестартира парното за еден ден. Втората причина е да им се излезе во пресрет на учениците кои се од другите населени места и патуваат. Сепак според планот денот кој нема да се учи веднаш ќе биде обработен. Настава ќе се изведува во првата сабота на 28-ми јануари. www.lisica.mk неофицијалнo дознава дека поради студеното време, надлежните размислуваат да се пролонгира почетокот на ворото полугодие. Дали ќе има таква одкука се знае во наредните два дена. 18/01/2012 13:42
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |